free web page builder

МАЛТЕРИСУВАЊЕ ВО „ЕДЕН ЧЕКОР“ СО М-75

Специјални особини: пријатен за кожата, еластичен, издашен, еднослоен, голема брзина на малтерисување, минимум растур на материјал, брзо се стврднува, отпорен на гребење, отпорен на ковање, ја регулира климата, го задржува огнот, можност да се структурира површината, можност за лепење тапети и керамика.

Револуционерно решение во однос на останатите техники на малтерисување, Кнауф MP-75 е фабрички подготвен малтер на база на гипс според DIN 1168.
Се испорачува во вреќи во прашкаста состојба, има широко подрачје на примена - „од подрум до покрив“.

Подлогата мора да биде без прашина и без ронливи делови, не треба да се малтерисува на замрзната подлога. Инсталацијата треба да биде најмалку 5мм покриена со малтер. 

Гипсениот малтер може да се нанесува тенкослојно или дебелослојно, како и да се обработува машински или рачно. Малтерот машински се шприца под притисок и на тој начин се постигнува одлична врска со подлогата. Се нанесува еднослојно, во хоризонтална насока, од горе кон долу.

Саканата дебелина се постигнува со развлекување на материјалот со т.н. профилна летва. Потоа површината се извлекува со трапезна летва со што е добива рамна површина.

Откако гипсениот малтер хемиски ќе се врзе со водата, провшината лесно се навлажнува и се филца со кружни движења со сунѓереста папуча. Со тоа се врши фино распределување на малтерот.

Конечно, пред да стврдне, малтерот се глетува со што се добива мазна и рамна површина, која по сушењето е спремна за молерисување.
Рамната и мазна подлога е исто така идеална за лепење тапети или керамички плочки.

Кнауф гипсените малтери имаат одлична отпорност на притисок и на гребење. Слободно може да се коваат помали или поголеми клинци и притоа површината гарантирано нема да се искрши или истроши. Гипсениот малтер има кристалниот состав, во него се содржани молекули на вода кои при горење се ослободуваат и прават обвивка од пареа. Кнауф гипсените малтери се негориви и обезбедуваат висока и сигурна противпожарна заштита.

Заради еластичноста на гипсените малтери, гарантирано се добиваат големи површини без пукнатини и во новоградби и во „ризични“ објекти и при големи потреси и оптоварување. Економичноста на Кнауф гипсените малтери се должи на: малата тежина, голема издашност, мали минимални дебелини и незначителен расутр заради добрата лепливост. Лесната обработливост ги прави погодни и за големи и специфични површини.

Гипсение малтери се сушат побрзо од останатите, целата постапка трае 3,5 до 4 часа. Времето помеѓу поединечни фази на работа зависи од условите на градилиштето: подлогата, температурата, проветреност на просторијата и сл. Модерната машинска техника овозможува беспрекорен и непрекинат тек на малтерисување и одлична компактност на површината.